Лос Анџелес Клиперс се вратија некако во игра по двата порази на домашен терен во Ел – Еј, па со иста мера им вратија на Маверикси во Далас и израмнија на 2-2. И кога сите НБА аналитичари сметаа дека лесно ќе ја довршат работата, Лука Дончиќ повторно ги демантираше со нова победа во „Стејплс центарот“ за Мавси (100:105) за водство од 3-2.
Highest playoff PPG of all time (min 10 games):
— StatMuse (@statmuse) June 3, 2021
33.4 — Michael Jordan
32.8 — Luka Doncic pic.twitter.com/f7xclDMXiy
Дефинитивно ова е една од најчудните плејоф серии во историјата, затоа што сите пет мечеви ги добија гостинските кошаркари, а кога станува збор за култниот „Стејплс“, тука посебна инспирација има Лука Дончиќ.
Словенецот на првиот меч уфрли 31 поен, на вториот 39, а на петиот кој се одигра синоќа беше најдобар со 42 постигнати поени. а имаше и 14 асистенции. Кај Клиперси најдобар беше Пол Џорџ со 23 поени и 10 скокови.