Доналд Трамп со критики за избраничките на Влатко Андоновски!

Женската селекција на САД, предводена од селекторот Влатко Андоновски на ОИ во Токио дојде до бронзата. Иако важеше за најголем фаворит за златото, сепак САД на крајот заврши како трета.

По поразот во полуфиналето од Канада, која денеска стана и олимписки шампион, свој коментар за тоа имаше и некогашниот претседател на САД, Доналд Трамп.

Тој обвини дел од избраничките на селекторот Андоновски дека биле радикални левичарки и дека паметот не им бил во фудбалот и репрезентацијата, дека не биле патриотки.

„Да не беа тие левичарки и онаа со пурпурна боја на косата секако дека ќе освоевме злато. Таа фудбалерка повеќе троши време на размислување за политиката отколку за фудбалот“ искоментира Трамп.

Веројатно мислеше на Меган Рапино, која во изминатиот период додека Трамп беше претседател не криеше дека воопшто не го поднесува и како претседател и како личност.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .