„Добро е што нема Суперлига, но не ми се допаѓа ниту новиот формат на ЛШ“

Менаџерот на англискиот првак Ливерпул, Јирген Клоп смета дека е добро што нема да има Суперлига, но исто така призна дека не му се допаѓа ниту новиот формат на Лигата на шампионите, кој треба да започне од 2024. година.

„Добро е што Суперлигата не се реализираше, но ниту новиот формат на Лигата на шампионите не е идеален. Ја погледнав идејата на УЕФА и не ми се допаѓа. Никој не ги прашува тренерите, играчите и навивачите. УЕФА ништо не побара наше мислење. Само сакаат да играме повеќе натпревари“, кажа Клоп.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .