Директорот на Јувентус: Михајловиќ е голем борец

Спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи не штедеше зборови на контото на Синиша Михајловиќ. Паратичи му изрази поддршка на тренерот на Болоња во борбата со тешката болест.

„Убаво беше да го видиме на тренерската клупа. Ми олесна. Ние сме големи пријатели. Морам да признаам нешто. Тој беше многу блиску да стане тренер на Јувентус, но нема да ви кажам кој период беше тоа. Синиша е борец, тоа од секогаш сум го знаел. Сега добив нова потврда“, заврши Паратичи.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .