Директорот на Јувентус казнет поради непочитување на судиите!

Јувентус повторно киксна во Серија А, откако одигра само нерешено на домашен терен против Верона, а по натпреварот челниците на „старата дама“ имале големи критики на сметка на судијата.

Директорот на италијанскиот првак Фабио Паратичи на полувремето дури отишол до просториите во кои се наоѓале судиите и им упатил критики.

Дисциплинската комисија при Серија А, на денешната седница одлучила да го казни Паратичи со 15.000 евра поради непочитување на судиите.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .