Директорот на Барса загрижен – дали Меси синоќа го одигра последното „El Clasico“?

Барселона синоќа го изгуби дербито против Реал Мадрид, по втор пат сезонава, но тоа не е најголемиот проблем на навивачите на каталонскиот гигант.

Сите се прашуваат дали Лионел Меси го одигра последното дерби против „кралевите“ во дресот на Барса, а одговор на ова прашање нема ниту директорот на Барса, Гиљермо Амор кој кажа дека се надева дека Меси ќе остане на „Камп ноу“.

„Се надеваме дека Меси ќе остане во Барселона и дека ова синоќа не му беше последното дерби против Реал. Нашите желби се тој да не предводи и следноата сезона, но одлуката е негова“, изјави Амор.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.