Директорот на Баерн го кажа своето мислење за „Делиите“

Баерн Минхен утре ќе гостува на „Рајко Митиќ“ во Белград каде ќе се сретне со Црвена звезда во петото коло од најквалитетното еверопско натпреварување Лигата на шампионите. Спортскиот директор на Баварците, поранешниот босански репрезентативец Хасан Салихамиџиќ е свесен дека ги чека пеколна атмосфера.

„Атмосферата таму е неверојатна, нивните навивачи се топ класа. Ние сакаме да играме такви натпревари. Добро се подготвивме, одиме на победа“, кажа Салихамиџиќ.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .