Динамо ќе заработи милиони: Сити ќе испрати неверојатна понуда за Олмо!

Динамо Загреб заврши голема работа кога успеа да го ангажира талентираниот Дани Олмо. Шпанецот си замина од Барселона затоа што не беше задоволен од минутажата, а никој не очекуваше дека тој ќе блесне до овој степен.

За новопечениот А шпански репрезентативец се заинтересирани најголемите европски клубови, а оваа сезона најверојатно ќе му биде последна во дресот на „модрите“.

Според последните информации за Олмо најзаинтересиран е англискиот гигант Манчестер сити. „Граѓаните“ ќе понудат 40 милиони евра за Шпанецот, а оваа понуда ќе биде прифатена од клубот од „Максимир“.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .