Хрватскиот тешкаш, Динамо од Загреб на социјалните мрежи го претстави проектот околу изгледот на својот нов стадион.
Визуелниот изглед на стадионот го изградил загребачкиот архитект Ото Бариќ, а Динамо ги објави и основните податоци, како и фотографиите кои покажуваат како стадионот би требало да изгледа.
Стадионот би бил изграден во период од три години, би чинел околу 60.000.000 евра, а ќе собира 35.000 гледачи.