Дибала и Роналдо го решија Наполи, победа и за Интер (ВИДЕО)

Елиф Елмас доби петнасетина минути од Џенаро Гатузо, во поразот на Наполи во Торини, кај стариот ривал Јувентус (2-1).

Се уште актуелниот италијански првак заслужено стигна до трите бодови, доминираше во текот на натпреварот, а по голот на Буфон опасност имаше само ви последните минути од натпреварот.

Кристијано Роналдо ги доведе домаќините во водство, но навивачите на Јуве дефинитивно се посреќни за стрелецот на вториот погодок. Тоа беше Пауло Дибала кој со погодок се врати на терените, а истиот го постигна после само четири минути игра.

Почесниот гол за Наполи го постигна Инсиње од пенал во 90. минута.

Интер со ист резултат се справи со незогдниот Саусоло, па така „нероаѕурите“ ја задржуваат предноста во однос на ривалите (единаесет повеќе од Милан и 12 од Јувентус).

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .