Де Брујне: Тешко му е на Навас, мислеше дека некој ќе ја допре топката

Најдобиот фудбалер на Манчестер сити и еден од најзаслужните за синоќешната победа во Париз на гостувањето кај ПСЖ во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите.

Белгиецот по една грешка на одбраната на „светците“ на чело со Навас успеа од едно навидум безопасно нафрлање да израмни на 1-1, по што следеше комплетен пресврт со голот на Марез од слободен удар.

„Во првото полувреме брзавме, се обидувавме брзо да прејдеме во напад, а тоа не е нашиот стил. Во вториот дел од натпреварот се обидовме да пронајдеме повеќе простор и да бидеме стрпливи. Игравме против тежок ривал“, изјави Де Брујне по натпреварот.

Фудбалерот од средниот ред го прокоментира и првиот погодок и грешката на Навас.

„Тешко му е на голманот затоа што очекува некој да ја допре топката“, кажа Белгиецот.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.