Дембо Дарбо доби повик за настап во репрезентацијата на Гамбија

Раководството на Шкупи можеби го направи трансферот на летото кога во своите редови го ангажираше Африканецот Дембо Дарбо.

Напаѓачот одлично ја започна авантурата во ПМФЛ каде го дели првото место на листата на најдобри стрелци заедно со Бесарт Ибраими со кого имаат по 10 погодоци.

Добрите настапи беа причина да биде повикан за настап за репрезентацијата на Гамбија. Напаѓачот веднаш им се заблагодари на соиграчите на Шкупи по добиениот повик.

„Прекрасно е чувството да ја претставуваш својата земја. Секој фудбалер сонува за тоа. Сакам да им се заблагодарам на сите мои соиграчи како и на стручниот штаб на клубот кои ми помогнаа да добија повик во репрезентацијата“, кажа напаѓачот на чаирскиот прволигаш.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .