„Девојка ти спиеше со половина тим на Милан и Интер“: Како Мурињо го убедил Озил да раскине

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез се наоѓа во огромни проблеми затоа што секој ден во јавноста се појавуваат нови тајни транскрипти од неговиот разговор со непознати луѓе.

Со денови шпанската јавноста ја дрма овој скандал, а Перез во текот на разговорите ги оговара легендите на Реал, Раул, Рамос, Роналдо, Гути и други. Сега на новите снимки на удар е Месут Озил, кој раскинал со девојката поради Жозе Мурињо.

„Озил во Мадрид дојде на 21 година. Тој е трета генерација Турчин и тогаш го открива Мадрид. Немаше ништо тука, ниту еден Турчин. Ја прати девојката дома во Германија и го промени начинот на живот, се заљуби во италијански модел од Милано. Имаше приватен авион, па ќе леташе до таму, ќе имаше секс и се враќаше. Тогаш еден ден го изнервира Мурињо, кој на шала му порача: „Идиоте, да ти кажам нешто како да сум ти татко. Девојка ти со која излегуваш спиеше со пола тим на Интер и Милан, вклучувајќи ги и тренерите“, Озил на крај ја остави“, вели Перез.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.