Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром сезонава ја завршија со двојна круна, одкако по освојување на купот вечерва во финалето на плеј-офот уште еднаш го совладаа Кавадаречки Еуро Никел со 89-78 за максимални 3-0.
Најзаслужен за титулата дефинитивно беше Андреј Магдевски, кој исто како и предходниот меч беше главен фактор во играта на “металците”. Плејот на МЗТ мечот го заврши со 21 поен, а имаше одлична поддршка од Бојан Крстевски кој имаше 16 поени и 7 скокови.
Кај гостите предводник беше Никола Караколев со 16 поени.