Фудбалерите на Црвена звезда вечерва на „Рајко Митиќ“ на пенали го совладаа омразениот белградски ривал, екипата на Партизан и така по пауза од 14 години стигнаа до двојата круна, откако претходно ја освоија и шампионската титула.
Натпреварот беше решен дури после 120 минути, регуларни 90 и продолженија две по 15 минути на кој не падна гол, а победникот го реши пенал – рулетот, каде што апсолутен херој беше Милан Борјан кој фати два пенали на фудбалерите на Партизан.