Дали тој е наследникот на Поповиќ: Тим Данкан од клупата го водеше Сан Антонио!

Сан Антонио Спарс доцна синоќа беше поразен од Портланд (121-116), а тренерот на Спарси, Грег Поповиќ беше исклучен поради приговарање на судиите.

Во третата четвртина популарниот Поп влезе во расправија со судијата на теренот, доби втора техничка грешка и мораше ја напушти клупата на својот тим.

Неговото место го завзеде поранешниот играч на овој клуб, Тим Данкан. Данкан е легенда на Спарси, а во иднина би можел да го наследи својот ментор.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .