Далеку пред СИТЕ: Тенисот е игра на Ѓоковиќ, најдобриот на светот го освои Вимблдон и се израмни со Роџер и Рафа!

А, малкумина претпоставуваа дека ќе стигне до овде. Новак Ѓоковиќ вечерва ја потврди доминацијата во „својата“ игра, откако стигна до нов Гренд слем трофеј – оној најважниот! Светскиот број 1 во финалето на култниот Вимблдон го совлада одличниот италијански тенисер Матео Беретини со 3-1 во сетови (6-7, 6-4, 6-4, 6-3), со што се израмни со големите ривали Роџер Федерер и Рафаел Надал по бројот на Гренд слем титули (20).

Огромни се шансите Србинот да ги надмине легендарите Роџер и Рафа по бројот на Гренд слем титули, кои по се изгледа, кога сите тројца ќе ги завршат кариерите, ќе мораат да му се поклонат на тенискиот крал. Ништо не е сигурно, но огромни се шансите Новак да продолжи да доминира и да земе барем уште 4-5 слема, а со оваа форма дефинитивно е фаворит на СИТЕ турнири во кои настапува.

Може уште од сега да се каже дека е најдобар на сите времиња, затоа што има повеќе Мастерси освоено за разлика од двајцата, подобар е во меѓусебните дуели од двајцата, единстевен е што ги има освоено сите слемови по два пати, но и најдолго е по бројот на недели како број 1. Кога сите тројца во овој момент би престанале да играат тенис, јасно е кој ќе биде најдобар во историјата.

Федерер е пред крајот на кариерата, а прашање е колку Рафа ќе може да го испрати Србинот. Новак може на бетон, може на земја, може на трева. Може СЕКАДЕ, во сите околности, против било кој. Тој е Новак Ѓоковиќ – најдобриот тенисер на сите времиња.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .