Давид Луиз си заминува од Арсенал

Искусниот бразилски дефанзивец Давид Луиз на крајот од сезоната и дефинитивно ќе го напушти Арсенал, потврди менаџерот на „топчиите“ Микел Артета.

„Даде се што можеше за овој клуб. Со своите човечки квалитети се избори да донесе таква одлука. Ми беше чест да соработувам со него во последните 18 месеци. Мислам дека имавме добар однос“, изјави Артета.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.