„Губам, ќе земам 12.000 евра и си одам дома, совршено“

Контроверзниот француски тенисер Беноа Пер изгуби во првото коло на Мастерсот во Монтер Карло од Џоран Томпсон, а по мечот даде нова контроверзна изјава, со која само го засрами џентлменскиот спорт, кој тој го претставува.

„Гајле ми е за овој натпревар. Ќе го одработам и даблот и си одам дома, два часа возење. Доаѓањето во Монте Карло на еден од најдобрите тенисери во светот и да го видам празен навистина е тажно. На теренот се чувствувам очајно. Но, заработив 12.000 евра. Некој ќе каже дека зборувам за пари, но земав 12.000 евра да бидам во хотелот и да си заминам дома. Соврешно“, гласеше скандалозната изјава на Пер.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .