Грузија мотивирана: Три децении чекаме ваков момент…

Македонија во четврток со почеток од 18 часот го игра најважниот меч во својата историјата каде против Грузија ќе води жестока битка за пласман на ЕП. Грузијците за тамошните медиуми изјавуваат дека долго време чекале ваква шанса и дека ќе дадат се од себе за позитивен резултат.

„Три децении го чекаме овој момент, нема некој кој не верувам дека ќе го дадеме максимумот за да дојдеме до посакуваната цел. Ова е натпревар за историја, важен за двата тима и сигурно ќе има тактизирање. Верувам дека Македонија ќе игра преку контранапади очекувајќи наша грешка, но ние сме подготвени со сите сили да се избориме за настап на Европско првенство“, изјави Георги Демертадзе.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .