„Гробарите“ го навредувале сите 90 минути, па голманот на Звезда им пришол..

Голманот и капитен на Црвена звезда, Милан Борјан за српските медиуми раскажа интересна анегдота од последното белградско дерби кое се одигра пред празни трибини во „Хумска“.

Борјан поради празните трибини можел да ги слушне сите провокации, а сега објасни што точно се случило.

„Тоа е дербито и провокации секогаш има, ден пред натпреварот, на денот на натпреварот и по натпреварот. Но ете, се случи константно сите 90 минути да бидам навредуван, позади двата гола, но на крајот им пријдов се поздравивме и тоа е тоа, крај. Дури мислам дека една снимка и фотографија тогаш објавена кружеше на интернер“, раскажа Борјан.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .