Грне го врати ФК Вардар во “живот”, и со три победи по ред повторно е конкурент за Првата Лига!

Екипата на Вардар излезе како победник од дербито против Воска Спорт во ВМФЛ – Запад и со тоа остана во игра за пласман во елитната конкуренција.

Избраниците на Грнчаров славеа со 1-0 со голот на Демир во второто полувреме и сега на две кола до крајот имаат „само“ три бода помалку од денешниот противник.

Официјално пак повратник во ПМФЛ е Силекс кој попладнево го потврди билетот со триумфот над Тетекс од 2-0. Двата погодоци во Кратови паднаа во вториот дел, стрелци беа Спиркоски и Калаонски.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.