Грилиш дебитираше со пораз: Лестер го освои Комјунити шилд! (ВИДЕО)

Новиот освојувач на Комјунити шилд, натпреварувањето во кое традиционално пред почетокот на сезоната се среќаваат првакот на Премиер лигата и на култниот ФА Куп е екипата на Лестер која во финалето го совладаа Манчестер сити (1-0).

Единствениот погодок го постигна Инхеначо во 88. минута преку пенал, откако претходно Аке, кој дотогаш беше непогрешлив, стартуваше токму врз нигерискиот напаѓач. Навивачите на Сити имаа можност за прв па да го видат најскапото засилување во историјата Џек Грилиш кој од Гвардиола доби пристојна минутажа и одигра околу 25 минути во дебито.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.