Грилиш ВЧУДОНЕВИДЕН од Пеп: Два дена сум овде, а неговата тактика е од друг свет

Џек Грилиш стана најскапиот фудбалер во историјата на англискиот фудбал. Манчестер сити за англискиот репрезентативец искешираа 100.000.000 фунти, а екс – играчот на Астон вила не го криеше задоволството што ќе биде трениран од Пеп Гвардиола.

„Ваква шанса не можев да обијам. Да играм Лига на шампиони со играч каков што е Кевин де Брујне и со најдобриот менаџер на светот. Тоа не можев да го одбијам. Пеп може да го подигне нивото на мојата игра. Ќе го слушам внимателно секој ден и одвај чекам да започнам. Овде сум два дена и тренингот е неверојатен. Не можев да верувам. Некои тактички потези не се од овој свет“, изјави Грилиш.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .