Гризман: Знаев дека ќе ми биде тешко во Барса

Шпанските медиуми се полни со критики за Антоан Гризман. Барса очекуваше далеку повеќе од францускиот репрезентативец. Тој постигна само четири погодоци на 15 натпревари.

Гризман за медиумите кажа дека бил свесен дека ќе му биде тешко на „Камп ноу“.

„Мислам дека ќе играм многу подобро ако бидам во средината на нападот. На тоа место играв неколку години, па сега морам да се навикнам на новата позиција. Се уште учам, напредувам. Од првиот ден знаев дека ќе ми биде тешко“, изјави Французинот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .