Го провоцираше Алиоски, а сега има нов клуб: Арнаутовиќ ќе игра за 2.700.000 евра годишно!

Напаѓачот Марко Арнаутовиќ и е познат на македонската јавност поради скандалот кој го направи во првиот меч на Македонија на ЕВРО 2020, кога поради провокациите кон Езгијан Алиоски заработи суспензија од еден натпревар неиграње.

Австрискиот фудбалер од следната сезона најверојатно повторно ќе игра во Серија А и ќе го облече дресот на Болоња.

Според информациите на медиумите од Апенините, Арнаутовиќ договорил тригодишен договор, според кој ќе заработува околу 2.700.000 евра годишно, а ќе дојде како слободен фудбалер од кинески Шангај СИПГ.

Интересно, Арнаутовиќ во дресот на Австрија во сабота од 21 часот во осминафиналето на ЕВРО 2020 ќе се судри токму со селекцијата на Италија, каде што ќе игра од следната сезона.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.