Го помина Шумахаер – Хамилтон е новиот владетел во Формула 1!

Возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон стана новиот рекордер на Формула 1 по бројот на победи на Големата награда на Португалија, 12. трка од овогодинешниот шампионат.

Британецот на стазата „Алгарве“, по 92. пат се најде на највисокото скалило на победничкиот пиедестал и така се осамостои по бројот на победи во историјата, превземајќи го приматот од големиот Михаел Шумахер.

Хамилтон до рекордот стигна со 25 секунди предност во однос на својот тимски колека Влатери Ботас, а тандемот на Мерцедес на подиумот им се приклучи и возачот на Ред Бул, Макс Ферштапен.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .