„Го очекуваме неочекуваното“

Езгијан Алиоски заедно со својот Лидс во сабота му гостува на лидерот, и најверојатно новиот шампион на англиската Премиер лига, Манчестер сити.

Тренерот на клубот од Јоркшир, Марсело Биелса пред мечот против Пеп Гвардиола изјави дека се надева дека неговиот клуб ќе направи изненадување.

„Фудбалот е полн со изненадувања и нема ништо поубаво за гледачите кога ќе се случи нешто што никој не го очекувал. Верувам во своите момци дека можат да направат нешто против Сити“, кажа Биелса.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .