Англија се пласираше во четвртфиналето на ЕВРО 2020 откако во големото дерби во осминафиналето рутински ја совлада селекцијата на Германија (2-0).
Клучен момент на натпреварот беше одличниот потег на селекторот на „Гордиот албион“ Герет Саутгејт кој во вистински момент го внесе во игра капитенот на Астон Вила, Џек Грилиш, кој внесе свежина и беше вклучен во двата гола, тој на Стерлинг и на Кејн.
Англичаните во четвртфиналето ќе играат против победникот од дуелот Украина – Шведска.