Пред почетокот на сезоната во француската Лига 1, ретко кој можеше да претпостави дека некој тим ќе успее да го симне ПСЖ од тронот, а такво нешто може да направи Лил, кој по вечерашниот кикс на „светците“ кај Рен (1-1), има три бода повеќе на две кола до крајот.
Лил има 79 поени и до крајот игра против Сент Етијен на домашен терен и против Анжер на гости, додека клубот од Париз дома го пречекува Реимс и гостува кај Брест.