Кошаркарите на Атланта израмнија во финалето на Источната конференција на НБА лигата (2-2) откако на свој терен го совладаа големиот фаворит Милвоки Бакс и без првата ѕвезда Треј Јанг (110:88).
Сепак, поразот не е најголем проблем за Бакси кои мечот го завршија без првата ѕвезда Јанис Антетокумпо кој поради повреда предвреме замина во соблекувалната.
Предводници на Атланта беа Лу Вилијамс со 21 поен, а Богдановиќ запиша еден помалку и додаде уште пет асистенции. Кај Милвоки најдобар беше Холидеј со 19 поени.