Големи проблеми за Гвардиола: Агуеро повреден, ги пропушта Јунајтед, Арсенал и Лестер!

Англискиот шампион Манчестер сити сезонава има големи проблеми. „Граѓаните“ моментално се наоѓаат на третата позиција во Премиерлигата, девет бодови помалку од лидерот Ливерпул. Ниту на теренот не делуваат како што треба затоа што против Челси, за прв пат се случи тим на Пеп Гвардиола да има помал посед на топката од противникот.

Најнов проблем за Сити е повредата на легендата на клубот Серхио Агуеро. Аргентинецот поради повредата на препоните во текот на второто полувреме го напушти теренот и според последните информации ќе отсуствува четири седмици. Тоа значи дека ќе ги пропушти тешките натправри против Јунајтед, Арсенал и Лестер, а исто така нема биде во составот за последните два меча од ЛШ (против Шахтјор и Динамо Загреб).

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .