Голема срамота за Мерцедес: Ботас вчера влезе во бокс, а гумата ниту денес не е заменета

Механичарите на Мерцедес уште долго ќе го паметат пит – стопот на неделната трка за Големата награда на Монако, кога не успеаа на време да ја заменат гумата, а тоа значеше дека трката за финскиот возач Валтери Ботас е завршена!

Ботас во најмала рака остана разочаран, но и шокиран поради овој кикс на механичарите, кои верувале или не, ниту ден подоцна не успеаа да го решат проблемот со гумата, а вакво нешто никогаш не се случило во историјата.

Веќе помина еден цел ден од целата драма во боксот, а механичарите се уште не успеаа да го решат проблемот.ж

„Не можам да си поверувам што се случи и се уште чудно се чувствувам затоа што сите се тркаат, а јас сум во боксот. Но знаете, се случи тоа што се случи и тоа е наша голема грешка од која мораме нешто да научиме“, разочаран беше Ботас.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .