Гладбах му даде ШЕСТ на Шахтјор, Локо Москва извлече бод против Атлети! (ВИДЕО)

Во првите натпревари од третото коло од Лигата на шампионите, германскиот бундеслигаш Борусија Мехенгладбах го демолираше Шахтјор на гостувањето во Доњецк со 0-6.

Украинците уште во првото полувреме беа посрамотени, примајќи четири погодоци. Гладбах успеа да постигне уште два погодоци до крајот на натпреварот за еден од најголемите порази во историјата на Шатјор.

Францускиот напаѓач Алесан Плеа правеше буквално што ќе посака со украинскиот гигант. Поранешниот фудбалер на Ница постигна хет – трик, Бенсебаини и Штиндл постигнаа по еден, а Валери Бондар си постигна автогол.

Атлетико Мадрид немаше среќа на гостувањето во Москва кај Локомотив. „Јорганџиите“ стигнаа само до бод (1-1) иако заслужија да победат, но едноставно не можеа уште еднаш да го совладаат голманот на Локо, Гилерме. Гименез стрелаше за Атлети, додека Миранчјук од пенал за домаќините.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .