Германија постави неверојатен рекорд!

Германија синоќа во квалификациите за Европското првенство 2020 година ја победи Белорусија со 4-0. Тони Крос беше играч на натпреварот со два погодоци, а во листата на стрелци се запишаа уште Леон Горетцка и Матиас Гинтер.

Со оваа победа Германците се пласираа на 13. Европско првенство во низа. Се започна 1972. година и тешко дека во брзо време ќе ја прекинат оваа низа, ако се знае дека како организатори на завршниот турнир во 2024. година веќе го имаат осигурано настапот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .