Гери и Кара: Сопствениците на Јунајтед и Ливерпул веднаш да си поднесат оставка!

Легендите на Манчестер јунајтед и Ливерпул, Гери Невил и Џејми Карагер, побараа од сопствениците на овие два клуба да си поднесат оставка од високите функции, откако пропадна проектот наречен Суперлига.

„Ед Вудворд го напушти „Олд трафорд“, но мислам дека секој раководител кој учествувал во ова треба да биде исфрлен од клубот. Не постои начин на кој повторно би им верувале. Вудворд си замина и така ги избегна критиките, но мислам дека нивното време во клубот е готово“, изјави Невил.

Истото мислење го има и Карагер.

„Не гледам како може да продолжи моменталната ситуација околу останувањето на актуелната сопственичка гарнитура на „Енфилд“. Тие не можат туку така да го напуштат клубот, јасно ми е дека нивните вложувања се големи, но не гледам иднина за нив во Ливерпул кога се ова ќе се заврши“, изјави Кара.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.