Георгиевски пред мечот со Фленсбург: Не знаеме до каде сме, цел месец не сме играле…

Македонскиот репрезентативец и ракометар на Вардар, Гоце Георгиевски пред утрешниот натпревар против Фленсбург во четвртото коло од Лигата на шампионите изјави дека долгиот период без натпревар е огромен проблем за „црвено – црните“.

„После подолго време ни доаѓа да одиграме еден натпревар, дуел со Фленсбург. Тоа е добро познат противник, тим што се наоѓа во одлична форма. Плус за нив е што имаат зад себе многу натпревари, се наоѓаат во добра серија, во добар ритам. За нас ќе биде потешко од таа гледна точка бидејќи цел месец сме без официјална средба.

Ни останува она што го работевме на тренинзите во овие месец дена без натпревар, сега да го покажеме на терен. Мислам дека Фленсбург е незгодна екипа што е добра во транзиција, има исклучително брз напад со премногу добри ракометари.

Доколку ние одиграме она што го работевме на тренинзите ќе биде малку полесно, но пак ќе кажам – да немаш цел месец ниту еден официјален натпревар, не знаеме каде сме, до каде ни е формата.

Очекувањата секако се да стигнеме до позитивен резултат, ќе бориме максимално ангажирано и дисциплинирано за да стигнеме до поволен исход на овој натпревар“, кажа Георгиевски.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .