Георгиевски: Бевме присебни не „загубивме глава“, тоа е големината на оваа репрезентација

Македонскиот репрезентативец Гоце Георгиевски беше еден најзаслужните за победата на гостувањето во Швајцарија. Крилото постигна четири погодоци и не го криеше задоволството поради победата.

„Ова беше исклучително тежок натпревар, израмнет долго време. Се менувавме во водство, но пресуди нашата реакција кога тие се одлепија на три гола разлика. Не „загубивме глава“, бевме присебни и се вративме во мечот, тоа е големината на оваа репрезентација. И во најтешки моменти моменти знаеме да се вратиме, како од оваа негатива во Швајцарија. Сите верувавме во победата, знаевме дека сме поквалитетен противник од нив и на крајот го докажавме тоа на теренот“, изјави ракометарот на Вардар.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .