Генијалност на Меси, силни свирежи за Гриезман и три бода за Барса во дербито против Атлетико! (ВИДЕО)

Барселона во дербито на колото славеше на гостувањето кај Атлетико Мадрид (1-0), со голот на неверојатниот Лионел Меси во 86. минута по асистенција на Луис Суарез. Натпреварот во главно беше израмнет, а „јорганџиите“ заслужија барем бод.

Поранешниот миленик на навивачите на Атлети, Антоан Гриезман беше исфиркан на „Ванда метрополитано“. Французинот за прв пат се судри со својот поранешен клуб, откако летово го замени дресот на Атлетико со тој на Барселона.

Со оваа победа каталонците се вратија на лидерската позиција во Ла Лига. „Блауграна“ има 31 бод колку што има најголемиот ривал Реал Мадрид, но шпанскиот шампион има подобра гол-разлика.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .