Гвардиола се враќа во Барса?

Претседателот на Каталонците, Хозе Мариа Бертомеу за медиумите изјави дека сака Пеп Гвардиола да се врати еден ден на „Камп Ноу“.

Во периодот додека беше тренер на Барса, Гвардиола освои дури 14 трофеи, од кои два беа во ЛШ. И токму поради тоа е добредојден на „Камп Ноу“. Тоа го потврди и претседателот на Каталонците, Бертомеу.

„Гвардиола секогаш ќе биде еден од кандидатите за тренер на Барса“, краток беше Бертомеу.

За кам-бек сонува и самиот Гвардиола, но во некоја друга улога. Пред неколку месеци изјави дека тренерската кариера сака да ја заврши таму каде што ја почна, во младинската селекција на Барса.

Потсетуваме, сегашниот тренер на Сити ја водеше Барса од 2008 до 2012 година.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .