Гвардиола: Неколку играчи заборавија на која позиција играат

Манчестер сити денеска освои само бод на гостувањето кај Њукасл (2-2), а со тоа си ги намали шансите за да ја одбрани титулата во Премиерлигата. По победата на Ливерпул, сега екипата на Пеп Гвардиола заостанува цели 11 бодови зад „црвените“. Шпанецот беше задоволен од играта на своите играчи, но исто така изјави дека по замените, неколку играчи заборавиле на која позиција играат.

 „Добро игравме. Не беше лесно затоа што тие се бранеа. Постигнавме два погодоци, но и примивме два, што е разочарувачки. По замените, неколку играчи заборавија на која позиција играат“, разочаран беше Гвардоила.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .