Гвардиола: Незнам кога, но сигурно ќе ја освоиме ЛШ !

Стратегот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола пред самиот почеток на натпреварот против Реал Мадрид изрази уверување дека клубот наскоро ќе ја освои Лигата на шампионите.

Главна цел на „граѓаните“ е да се искачат на тронот на најелитното европско натпреварување, откако многупати во последниве години го правеа тоа во домашниот шампионат.

Лани беа запрени во финалето од Челси, а Гвардиола сега истакна дека тие се подготвени и за освојување на титулата.

“Овој тим има искуство во Англија. Минатата сезона бевме во финалето од Лигата на шампионите. Оваа година сме во полуфиналето повторно. Само прашање на време е кога ќе ја освоиме Лигата на шампионите. Играчите чувствуваат дека се способни да го направат тоа,” -изјави Гвардиола.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.