Гвардиола и Сити маршираат кон финалето: Пресврт во Париз, ПСЖ на колена… (ВИДЕО)

Фудбалерите на Манчестер сити остварија одличен резултат на гостувањето кај францускиот првак ПСЖ во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите, откако на „Паркот на принцовите“ славеа со 1-2.

„Светците“сега ќе мораат да постигнат барем два погодоци на реваншот во Манчестер ако сакаат втора година по ред да играат во големото финале.

Избраниците на Покетино беа подобри во првото полувреме, поведоа преку капитенот Маркињос, меѓутоа мораа да постигнат уште еден погодок. Во второто полувреме на теренот во Париз истрча оној добро препознатлив Манчестер сити.

„Граѓаните“ немаа многу шанси, но доминираа, а и среќата беше на нивна страна најмногу кога беше потребна. Кевин де Брујне нафрли, одбраната на ПСЖ не комуницираше, па топката влезе во мрежата.

Победничкиот погодок беше дело на Марез од слободен удар, повторно после грешка помеѓу играчите на ПСЖ, кои не го збија „живиот ѕид“, па топката помина помеѓу Кимпембе и Паредес и влезе во мрежата на Навас за конечни 1-2.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .