Гвардиола ги обвини своите играчи за кризата во која се најде Сити

Англискиот шампион Манчестер сити во саботата одигра само 2-2 на гостувањето кај Њукасл. „Граѓаните“ на последните пет мечеви имаат забележано само една победата, па затоа веќе е јасно дека се наоѓаат во некоја мала криза. Тренерот на клубот Пеп Гвардиола е свесен за тоа, а ситуацијата во која се најде Сити, ги обвини играчите затоа што не биле доволно прецизни.

„Слична беше ситуацијата и минатата сезона. Имавме 24 удари, но не одеа сите кон голот. Имавме три или четири ситуации кога бевме еден на еден со голманот. Тие шутнаа два пати и дадоа два гола. Тоа е неверојатна статистика“, кажа Шпанецот.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .