Гатузо: Еден ден од нервози ќе добијам срцев удар

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо не е задоволен од учинокот на неговите играчи после победата над хрватска Ријека во групната фаза од Лигата на Европа. Гатузо смета дека поради големите нервози еден ден ќе добие срцев удар.

„Знаев како ќе одиграат фудбалерите на Ријека, им давав јасни упатства на моите играчи, но повторно грешеа. Потребен ни беше шамар да не разбуди. Еден ден ќе доживеам срцев удар од нервозите, мораме да одиграме многу подобро“, кажа Гатузо.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .