„Габигол не успеа во Интер затоа што Занети и Икарди беа љубоморни на него“

Италијанскиот великан Интер, летото 2016 година плати дури 30.000.000 евра за бразилскиот напаѓач од редовите на Сантос, Габриел Барбоса кој не ги исполни очекувањата кои за него ги имаа навивачите и раководството на клубот.

После лошата авантура во Европа, популарниот Габигол одлучи да се врати во Бразил, но во редовите на Фламенго, што за него беше фантастичен потег, а тој беше еден од најзаслужните што овој клуб го освои Копа Либертадорес по пауза од 38 години.

За неговото време поминато во Милано, како член на Интер зборуваше неговиот агент Вагнер Рибеиро кој порача дека поединци биле љубоморни на него и не му дозволиле да успее во дресот на „нероаѕурите“.

„Имавме голема забава кога стигна во Интер, многу поголема од таа кога Кака дојде во Милан. Тоа не им се допадна на Мауро Икарди и на Хавиер Занети кои беа љубоморни на него. Тој е одлична личност и тоа го покажа во Фламенго, каде докажа за каков играч се работи. Во Интер не му дозволија да успее“, изјави Рибеиро.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .