Вчера понуда за Киеза денес за Халанд: Дортмунд ја одби ЛУДАТА понуда на Челси!

Европскиот првак Челси во голем стил влезе во летниот преоден рок. „Сините“ вчера испратија понуда до Јувентус за Федерико Киеза која им беше одбиена, а ист исход имаше и денеска, откако на клубот од „Стемфорд бриџ“ му беше одбиена и понудата за Ерлинг Халанд, напаѓачот на Борусија од Дортмунд.

Имено, не е тајна дека норвешкиот напаѓач е голема желба на рускиот тајкун Роман Абрамович. Според информациите на ударните медиуми од Островот, кои се уште не знаат за колква сума станува збор, меѓутоа, освен финанските средства, „сините“ во трансферот вклучиле и еден од Тами Абрахам или Калум Хадсон – Одои.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.