Црвена звезда е на чекор до одбрана на титулата во српското првенство, откако синоќа во големото белградско дерби го сруши омразениот Партизан и му избега на 12 бодови разлика.
Тренерот на „црвено – белите“ Дејан Станковиќ беше пресреќен поради победата, а денеска италијанските медиуми излегоа со информација дека тој се наоѓа на листата на желби на претседателот на Сампдорија, Масимо Фереро кој е незадоволен од работата на Клаудио Раниери.
Интересно, двајцата веќе одржале еден состанок во близина на Рим, но тоа се случило пред Станковиќ да стане тренер на Звезда. Популарниот Деки е врзан со договор и останува да видиме дали ќе си замине од Белград.