Вулфси го „блиндираат“ Траоре

Еден од најинтересните фудбалери на моќните европски клубови дефинитивно е новиот шпански репрезентативец и играч на англискиот премиерлигаш Вулверхемптон – Адама Траоре.

За крилниот фудбалер на Вулвси се заинтересирани многу клубови, но дефинитивно најзагреани се Ливерпул и Барселона, па токму затоа неговиот моментален клуб му подготви нов договор според кој би требало да заработува околу 110.000 евра неделно.

Тоа значи дека ќе заработува околу 5.000.000 евра годишно, двојно од сумата која сега ја заработува, а ќе потпише четири годишен договор.

Leave a Reply

Оваа страница го користи Akismet за да се заштити спам. Дознајте како се обработуваат податоците од вашите коментари .