Втор пораз на ЕВРО 2020: Столе фати пенал, но Украина стигна до победата! (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Македонија го забележа вториот пораз на ЕВРО 2020 откако во Букурешт загуби од селекцијата на Украина 2-1.

Македонија лошо влезе во натпреварот, исто како во мечот против Австрија, па Украинците со головите на Јармоленко во 29. минута и на Јарамчук пет минути подоцна.

Момците на Игор Ангеловски конечно заиграа во вториот дел, а Алиоски намали на конечните 2-1. Украина можеше да го зголеми водството на 3-1, меѓутоа Столе Димитриевски го одбрани ударот од пенал на Малиновски.

Leave a Reply

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.